(Видео) „Тоа е фобија“: Мајли Сајрус открива бизарна причина зошто се свршила

Мајли Сајрус и Макс Морандо се верија по 4 години врска, а пејачката ја потврди добрата вест за списанието People. Кратко потоа, таа се појави во ток-шоуто на Џими Кимел, каде што зборуваше за деталите од нејзината свршувачка, како и за бизарната причина зошто рекла „да“.

Таа истакна дека има страв од хартија, но дека нејзиниот иден сопруг ѝ помогнал да ја надмине фобијата (привремено – додека не го потпише венчалниот лист).

„Мразам хартија“, рече таа, додавајќи дека особено мрази кога луѓето имаат суви раце во текот на зимата и допираат хартија.

„Тоа е фобија, мислам дека навистина ми треба помош. Можеби ќе пробам EMDR или хипноза, бидејќи веќе влијае на мојот секојдневен живот.“

Сепак, вистинскиот пекол се случува кога мора да добие пакет од Amazon – картонската амбалажа, вели таа, „ја доведува до работ на нејзините нерви“.

„Кога некој ќе добие пакет од Амазон, ми се гади бидејќи картонот е најлош од сè – е дополнително сув. Всушност, затоа се свршив: само го терам мојот свршеник да ги отвора сите пакети надвор“, се пошегува Сајрус.

И дали ќе има проблеми кога ќе го потпише венчаниот лист?

„Сè што има мазна површина ќе биде доволно. А од последниот, мислам дека се сеќавам дека хартијата беше восочна“, рече таа, осврнувајќи се на нејзиниот брак со Лиам Хемсворт, кој заврши неславно.

фото: Depositphotos

INFO