Се испитуваат причините за падот на авионот во Марвовско Езеро

Членови на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, започнал постапка за утврдување на причините за неодамнешниот пад на малиот спортски авион во Мавровското Езеро, пренесува МИА.

Како што информираа вчера во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во авионот имало две лица, од кои едното е повредено.

„Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција“, рече директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Оттаму не кажаа со какви повреди се здобило едното лице и засега не откриваат повеќе детали за инцидентот.

Мета објави дека авионот „Пајпер 28“ бил регистриран во САД и е во сопственост на Дукаѓин Манџука. Тој на својот Фејсбук профил завчера објавил фотографија под која пишува „Со копилотот на убав ден над Тетово“.

INFO