Според испитаниците најприфатливо е задолжување на државата со цел поддршка на економијата (31%) и инвестициите како и за подобрување на состојбите во здравството и во образованието (23,2%).

Повеќе од 60 отсто од испитаниците со место на живеење во Скопскиот регион позитивно ја оценија работата на новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски во неговата прва работна недела (60,1%). Негативна оценка дале 28 отсто од испитаниците.

Според најголем дел од испитаниците главна опозициска партија во Македонија е СДСМ (31,6%), додека за 19,2% од испитаниците главна опозициска партија е Левица, а за 8,6% е ДУИ.

13,2% од испитаниците се согласуваат дека партијата која според нив е главна опозициска партија има капацитет да го победи/замени ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.

Во однос на случувањата во СДСМ повеќе од половина од испитаниците се согласуваат дека лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да даде оставка после слабите резултати на неговата партија на локалните избори.

Анкетирањето беше спроведено од 25 ноември до 6 декември со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.