Фондацијата „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за „Роман на годината“ за 2025 година

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2026 година.
Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија и во електронска верзија на адресата
romannagodinata@gmail.com.
Наградата, која годинава ќе се додели 27 пат, се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири- комисија ќе ја донесе до 15 март 2026 година. Романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска во издание на „Или-или“ е лауреатот за 2024 година.

INFO