Откажани осум заради магла, а реализирани 27 летови од аеродромот во Скопје

На скопскиот аеродром до денеска напладне реализирани се 27 лета, откажани се вкупно 8, а пренасочен е само еден лет, информираат од ТАВ Македонија. Од вчера во 20 часот до денеска поради намалена видливост заради маглата, откажани се три лета кои требаше да пристигнат од Белград и Истанбул, а пренасочен е летот од Франкфурт-Хан. Откажани се и летовите кон Цирих, Белград, Атина, и два кон Истанбул.

Од ТАВ Македонија информираат дека сите останати, 27 авиони слетаа и полетаа, односно пристигнаа и заминаа согласно планираниот ред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје.

„Со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија согласно своите интерни процедури има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, повторно апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанија со која треба да патуваат. Дополнително, ја известуваме јавноста и патниците дека сите капацитети на Меѓународниот Аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај. Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи работат 24/7 и се подготвени да ги услужат и авионите и патниците. Промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на нашата веб-страница во реално време. Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333, информираат од ТАВ.

INFO