Импровизирани креветчиња во канцелариите на Министерството за односи меѓу заедниците (ВИДЕО)

Стоилковиќ објави снимка од канцеларија во неговото министерство, онака како што ја оставиле службениците кои во неа работеле, а пред два дена биле отпуштени. Тие се испратени да си спијат дома, вели министерот.

„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која ‘работеа’ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку“, напиша вчера на својот фејсбук-профил Стоилковиќ.

 

INFO