Ана Ивановиќ повеќе не е истата личност по разводот од Бастијан Швајнштајгер. Таа реши да сврти нов лист и да започне ново поглавје во својот живот кое се фокусира на децата, но и на личниот развој.
Таа стана активна и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, и редовно објавува атрактивни фотографии.
View this post on Instagram
Во текот на летото имавме можност да ги видиме нејзините жешки изданија, а таа продолжи да објавува фотографии кои измамуваат воздишки и во зима. Неодамна „закачи“ фотографија од своето празнично издание на Инстаграм, а вниманието на јавноста го привлече со својата комбинација на облека.
View this post on Instagram
Таа носеше џемпер во бела боја, кој го искомбинира со многу кратко здолниште. Модното издание ја истакна нејзината витка фигура, особено нејзините долги нозе, кои, сепак, беа централниот мотив на оваа објава.
View this post on Instagram
Својот стајлинг го надополни со брановидна фризура, шминка во природни тонови и блескава насмевка што им ја упати на своите бројни обожаватели на оваа мрежа.