
Новогодишниот базар во Чаир кој започна вчера, а ќе трае четири дена, ги отвори вратите синоќа на плоштадот Скендербег, со што беше означен почетокот на празничната програма. Базарот го посетија стотици граѓани кои и покрај студеното време, уживаа во празничната декорација, штандовите и во музичката програма.

Вечерта беше збогатена со музика на ди-џеј Едмир. Денеска од 18 часот, ќе се реализира посебна програма за деца со маскоти и празнични активности, а од 19 до 21 часот повторно ќе има музичка програма.