ЈСП ќе сообраќа со нов возен ред од 1 јануари и за време на празниците

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираше за измените во јавниот превоз поради празниците. Како што соопштија оттаму, на 31 декември 2025 година, во среда, јавниот превоз сообраќа со редовен зимен возен ред. 

На 1 јануари 2026 година, во четврток, јавниот превоз ќе работи по неделен возен ред. Првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите возила согласно неделниот возен ред. 

На 2 јануари 2026 година, јавниот превоз ќе сообраќа по намален делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст. 

Изменето е и работно време на билетарниците и центрите за персонализација. Во среда (31.12.2025 год), шестте билетарници кај Зелено пазарче, Бутел пазар и во Ѓорче Петров ќе работат до 16 часот, а останатите ќе работат до 14 часот. Во четврток (1.01.2026 год), ќе работат билетарниците кај Транспортен центар и кај Жичница од 11-17 часот. Од петок (2.01.2026 год), билетарниците ќе продолжат да работат регуларно.  

Жичницата на 31 декември 2025 година ќе биде во функција од 10 до 15 часот, додека на 1 јануари ќе работи од 11 до 17 часот. Последното возење во двата правци ќе биде во 16:30 часот.


ТЕРМИНИ НА ПРВИ ВКЛУЧУВАЊА НА ГРАДСКИ ЛИНИИ НА 1 ЈАНУАРИ 2026 год

Линија 2 7.05 ч од Автокоманда 1 7.10 ч од Сарај

Линија 2А 11.31 ч од Железара 11.45 ч од Сарај

Линија 3 10.30 ч од Панорама 9.45 ч од Сп.сала Јане Сандански

Линија 3Б 8.45 ч од Кв.пазар 9.30 ч од Панорама

Линија 4 11.40 ч од Хром 11.40 ч од 11 Октомври

Линија 4А 14.43 ч од Усје 15.30 ч Тафталиџе

Линија 5 7.01 ч од Н.Лисиче 7.01 ч од Дексион

Линија 7 7.45 ч од Г.Лисиче 7.59 ч од Карпош 3

Линија 8 11.40 ч од Љуб.пат 11 ч од Влае

Линија 9 8.06 ч од Кл.центар 8.41 ч од Ск.север

Линија 15 6.38 ч од Н.Лисиче 7.23 ч од Карпош 4

Линија 15А 7.26 ч од Н.Лисиче 6.45 ч од Карпош

Линија 16 7.30 ч од Пржино 7.05 ч од Железара

Линија 19 7.40 ч од Карпош 4 8.10 ч од Ш.Оризари

Линија 20 7.40 ч од Тр.центар 8.20 ч од Тр.центар

Линија 21 11.15 ч од Тр.центар 12.05 ч од Бардовци

Линија 22 7.35 ч од Тр.центар 8.25 ч од Лепенец

Линија 22А 9.43 ч од Кл.центар 8.50 ч од Лепенец

Линија 23 7.45 ч од Ченто 8.41 ч од Дом на печат

Линија 24 8.50 ч од Припор 8.10 ч од Тафталиџе 2

Линија 25 10 ч од Тр.центар 10.40 ч од Средно Водно

Линија 27 12.05 ч од Дом на печат 12.45 ч од Вардарска

Линија 41 7.27 ч од Тр.центар 7.14 ч од Драчево Типо

Линија 50 7.08 ч од Хиподром 7.44 ч од Кл.центар

Линија 57 7.15 ч од Радишани 7.32 ч од Козле

Линија 59 11.35 ч од К.бара 10.50 ч од Карпош

Линија 65В 8.13 ч од Тр.центар 7.33 ч од Стајковци, Бр.пат

ТЕРМИНИ НА ПРВИ ВКЛУЧУВАЊА НА ПРИГРАДСКИ ЛИНИИ НА 1 ЈАНУАРИ 2026 год

Линија 18 13.25 ч од Тр.центар 14 ч од Визбегово

Линија 31 12.15 ч од Тр.центар 13 ч од Д.Лисиче

Линија 32 15.05 ч од Тр.центар 15.50 ч од Љубин

Линија 47 10.40 ч од Тр.центар 11.25 ч од Љубанци

Линија 51 12.05 ч од Тр.центар 13.10 ч од Студеничани

Линија 52 10.20 ч од Тр.центар 11.10 ч од Ржаничино

Линија 53 8.45 ч од Тр.центар 7.20 ч од К.Бања

Линија 56 10 ч од Тр.центар 11 ч од Бојане

Линија 58 13.30 ч од Тр.центар 14.20 ч Добри дол

Линија 58а 7.10 ч од Тр.центар 8 ч од Св.Петка

Линија 58б 14.30 ч од Тр.центар 15.30 ч од Брзовец

Линија 60 12.10 ч од Тр.центар 13 ч од Матка

Линија 63 8.20 ч од Тр.центар 9.20 ч од Мралино

Линија 63а 14 ч Тр.центар 14.50 ч од Ајватовци

Линија 164 11.20 ч од Волково 11.30 ч од Никиштани

Линија 65 7.10 ч од Тр.центар 8 ч од Раштак

Линија 66 7.10 ч од Тр.центар 8.15 ч од Бучинци

Линија 67 7.50 ч од Тр.центар 8.50 ч од Зелениково

Линија 68 10.20 ч од Тр.центар 11.40 ч од Сушица

Линија 70 10.45 ч од Тр.центар 11.25 ч од Батинци

Линија 71 12.50 ч од Тр.центар 13.40 ч од Бањани

Линија 74 12.30 ч од Драчево 12.50 ч од Д.Количани

Линија 81 11.40 ч од Тр.центар 12.40 ч од Горњани

ПРИВАТНИ ПРЕВОЗНИЦИ

Градски линии:

– Линија бр.9: 9/1 во 7:03 од Станица Север;

– Линија бр.12: 12/2 во 7:35 од Шишево и 12/1 во 7:35 од Саем;

– Линија бр.19: 19/1 во 7:44 од Шуто Оризари;

– Линија бр.20: 20/1 во 7:40 од Тр.Центар и 20/3 во 7:40 од Шуто Оризари;

– Линија бр.22: 22/7 во 7:45 од Тр.Центар;

– Линија бр.23: 23/1 во 7:00 од Ченто и 23/2 во 7:00 од Дом на Печат;

– Линија бр.45: сите служби започнуваат со работа од втора смена;

– Линија бр.73 во недела не работи.

Останатите служби од линиите. бр: 9, 12, 19, 20, 22 и 23 да започнуваат со работа од втора смена.

Приградски линии:

– Линија бр.11: 11/1 во 8:30 од Рашче, а 11/2 да не се вклучува;

– Линија бр.11а: започнува со работа од втора смена;

– Линија бр.47а: 47a/1 во 13:30 од Тр.Центар;

– Линија бр.52 започнува со работа од втора смена;

– Линија бр.54 во недела не работи;

– Линија бр.55: 55/1 во 8:05 од Арачиново;

– Линија бр.61: 61/6 во 7:40 од Побожје;

– Линија бр.63: 63/7 во 8:20 од Мралино.

INFO