Дали пиете кафе на празен стомак? Еве што треба да знаете

Многу луѓе го започнуваат денот со шолја кафе, често пред појадок, но прашањето останува – дали кафето на празен стомак е штетно? Според порталот EatingWell, за повеќето здрави луѓе ова не претставува сериозен ризик по здравјето.

Истражувањата покажуваат дека умереното консумирање кафе (3 до 5 шолји на ден) може да има одредени придобивки. Сепак, кафето го стимулира лачењето на желудочна киселина и празнењето на цревата, што може да предизвика непријатност, брзо варење или горушица кај некои луѓе, особено ако се консумира на празен стомак.

Експертите советуваат да се обрне внимание на реакциите на сопственото тело. Луѓето склони кон горушица или ГЕРБ може да имаат помалку проблеми ако го комбинираат кафето со храна или го пијат по појадок.

Заклучокот е едноставен – за повеќето луѓе, кафето на празен стомак не е проблем, но ако забележите непријатност, прилагодете ја навиката на вашите потреби.

 

фото/депозитфотос

INFO