Милошоски: Позицијата на Македонија за апсењето на Мадуро е навремена и правилна

„Штом молчеа тогаш, нека си молчат и денес, бидејќи токму тие пет, шест европски држави со молчењето веќе го направија преседанот во однос на селективната (не)примена на меѓународните облигации за членките на ОН. После ова искуство на хипокризија, денес Македонија во однос на апсењето на Мадуро има сосем навремена и правилна позиција, изразена преку министерот за надворешни работи Муцунски. Кратко и јасно, поддршка за администрацијата на нашите стратешки партнери од САД“, напиша Милошоски на неговиот официјален фејсбук профил.
Тој вели дека светот влегува во нова геополитичка динамика и Македонија, како членка на ОН и на НАТО, легитимно и проактивно треба да го следи својот интерес.
„Истовремено оваа нова ситуација е добра шанса за мирна економска и демократска транзиција на Венецуела, која од автократија има добра прилика да стане демократија без политички затвореници, без нарко-картели и да биде стопански развиена држава во интерес на сите нејзини граѓани“, напиша Милошоски.
Во 2008 година Милошоски беше министер за надворешни работи кога во мај истата година во името на Владата на Република Македонија го потпиша Договорот за стратешка соработка помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави со тогашната државна секретарка Кондолиза Рајс.
Пресудата на Меѓународниот суд на правдата која ја споменува Милошоски беше донесена во декември 2011 година. Тогаш МСП ги отфрли сите барања на Грција и констатира дека Република Македонија може да го користи уставното име во меѓународните организации кога зборува за себе.
INFO