(Фото) Не може да ги контролира страстите покрај 19 години помладата девојка: холивудскиот заводник никогаш не бил посреќен

Речиси една година откако почнаа да се забавуваат, Ченинг Тејтум (45) и австралискиот модел Инка Вилијамс (26) изгледаа позаљубени од кога било – беа видени како се смеат, флертуваат и прскаат во океанот.

Во еден момент, Тејтум дури и ја крена Вилијамс во воздух, а потоа ја повлече во нежна прегратка.

Во друг сладок момент, двојката беше фотографирана како се бакнува на самиот раб на водата, навидум несвесна за никого околу нив, објави Пејџ Сикс.

Моделот ја покажа својата затегната фигура во тесно бикини со проѕирно парео, додека Тејтум беше лежерно облечен во бела маица, црни шорцеви и бејзбол капа.

View this post on Instagram

A post shared by Just Jared (@justjared)

Тејтум и Инка првпат се појавија како пар на црвениот тепих во Лос Анџелес, а четири месеци претходно ја официјализираа својата врска на социјалните мрежи. Тие го привлекоа вниманието на светските медиуми со нивниот бакнеж на црвениот тепих во Лондон.

View this post on Instagram

A post shared by Just Jared (@justjared)

Пред неговото патување во Костарика, Тејтум сподели емотивна порака за роденден до Вилијамс на Инстаграм, објавувајќи серија романтични фотографии и видеа.

На една снимка, може да се види како таа седи на задниот дел од мотоцикл додека Тејтум вози.

„Среќен роденден на мојот возач! Те сакам многу“, пишува во објавата.

INFO