„Во општина Врапчиште запишани се 27.279 избирачи во Избирачкиот список, а се гласаше на 39 избирачки места. Досега податоци се пристигнати од 38 избирачки места, што претставува 97,44 отсто. Вкупно гласале 8.622 гласачи, односно 32,37 отсто. За кандидатот на Национална алијанса за интеграција (НАИ) Исен Шабани добиени се вкупно 5.355 гласа, а за Зулхајрат Демири од Група избирачи 3.028 гласа“, истакна на прес-конференцијата портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.
Во Гостивар, како што информираше Тодоровска Алексовска, се гласало на 121 избирачко место. Излезноста изнесува 30,34 отсто, односно гласале 23.637 гласачи. За кандидатот Невзат Бејта од коалицијата Вреди добиени се вкупно 7.174 гласови, додека за кандидатот од НАИ, Ваљбон Лимани 14.519 гласови.
„Во Маврово Ростуше вкупниот број на избирачки места е 39, а во Избирачкиот список се запишани 10.575 избирачи. Бројот на избирачки места од каде пристигнале податоците во ДИК е 34, додека процентот на избирачки места од каде пристигнале податоците е 87,18 проценти. На ниво на општина гласале вкупно гласале 2.918 гласачи, односно 28,51 процент“, рече Тодоровска Алексовска.
Кандидатот Онер Јакуповски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ добил 1.906 гласа, а за кандидатот Анес Ахмети од Колицијата предводена од СДСМ 938 гласови.
Во Центар Жупа се гласаше на 16 избирачки места, односно податоци се пристигнати од 100 отсто од избирачките места. Во Избирачкиот список се запишани 7.562 избирачи, а гласале 1.003 гласачи, што претставува излезност од 13,26 отсто. За кандидатот од Демокатската партија на Турците во Македонија, Аријан Ибраим добиени се 973 гласа.
Како што соопшти портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.
The post ДИК со првични резултати: Еден градоначалник за ВМРО-ДПМНЕ, двајца за НАИ и еден за ДПТ appeared first on МКД.МК.