СДСМ: Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата

Од СДСМ денеска преку соопштение реагираа на лидерската средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека сите партии што ќе учествуваат на разговорите стануваат „соучесници“ во легитимирање на криминал и корупција.

„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката влада стануваат соучесници во легитимирањето на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, во анти-ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори без основни услови за тие да бидат фер и демократски“, се наведува во соопштението од СДСМ.

„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може подоцна да тврди дека не бил соучесник“, порачаа од СДСМ, додавајќи дека партијата останува на страната на граѓаните, на европската интеграција и на борбата против корупцијата и криминалот.

INFO