Пржинската влада не е „измислица на Америка“

САД не беа страна во Пржинската спогодба и не ја „измислија“ или наметнаа владата. Нивната улога беше дипломатска поддршка, а сите конкретни одлуки ги донесоа македонските партии со посредство на ЕУ. Пржинскиот договор не е поврзан со промената на уставното име. Пржинската влада беше техничка и ограничена на изборениот процес, додека името се менуваше преку Преспанскиот договор во 2018 година, пишува „Вистиномер“

Во продолжение ви го пренесуваме текстот во целост:

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Каква Пржинска Влада какви бакрачи, ова е само измишљотина на Америка за да се дочепа Заев на власт да го смени Уставот и името.

Пржинскиот договор беше домашен политички договор од 2015 година меѓу клучните политички партии, со цел да се реши голема политичка криза предизвикана од аферата со прислушкување и бојкотот на опозицијата. Таа беше потпишана од лидерите на четирите главни партии вклучувајќи го тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев и тогашниот премиер Никола Груевски. Спогодбата беше главно посредувана од Европската Унија и вклучуваше одредби за учеството на опозицијата во министерствата, оставка на премиерот, специјален јавен обвинител за истрага за прислушкувањата, техничка влада која ќе води до предвремените избори во 2016 година. Пржинскиот договор и пржинската влада беа за решавање на домашниот политички ќор-сокак и кризата од 2015-2016 година пред да се реши спорот со името.

Преспанскиот договор пак беше комплетно одделен дипломатски договор постигнат во 2018 година меѓу Владата на Македонија и Владата на Грција под покровителство на Обединетите Нации. Со овој договор се реши долгогодишниот спор за името со Грција и се бараа амандмани во македонскиот Устав за усвојување на името Република Северна Македонија.

Така што, пржинската влада беше домашен политички компромис обликуван од македонските партии и со посредство на ЕУ, а не „измислица на САД“ како што неточно се наведува во објавата што ја рецензираме.

Промената на уставното име произлезе од преговорите со Грција и рамката на ОН со цел да се реши долгогодишниот дипломатски спор, а не поради наредба од Америка. САД имаа поддржувачка дипломатска улога за пржинскиот договор заедно со ЕУ, но не беа главен посредник и не ја „измислија“ спогодбата.

САД не беа страна во Пржинската спогодба и не ја „измислија“ или наметнаа владата. Нивната улога беше дипломатска поддршка, а сите конкретни одлуки ги донесоа македонските партии со посредство на ЕУ.

Пржинскиот договор не е поврзан со промената на уставното име. Пржинската влада немаше удел, моќ или легитимитет да менува Устав или да ја одлучува за промената на името. Нејзината функција беше техничка и ограничена на изборен процес, додека името се менуваше преку Преспанскиот договор во 2018 година.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина

INFO