Заменик-министерот за образование и наука денеска ја поднесе својата оставка до премиерот Христијан Мицкоски, со што, како што наведе, заокружува едно поглавје од својата професионална ангажираност во Министерството за образование и наука.
Тој, на својот официјален Фејзбук профил објави фотографија од оставката, а во опис на фотографијата, министерот изрази благодарност за укажаната доверба и поддршка за време на извршувањето на функцијата, упатувајќи посебна благодарност до партијата Алтернатива. Благодарност упати и до своето семејство и пријателите за континуираната поддршка.
„За искажаната доверба и подршка за реализација на ова задача им се заблагодарам на партијата Алтернатива, на нејзиниот претседател г. Беким Сали, на претходните претседатели г. Африм Гаши и г. Зеќирија Ибрахими, како и на моето семејство и пријатели“, стои во описот под фотографијата.
Оставката доаѓа по лична проценка на Алиу, наведувајќи дека во овој период најсоодветно е да го продолжи својот ангажман во академската сфера, односно да продолжи со научно-истражувачка работа. Тој додаде дека планира да се посвети и на семејството.