Дарко Митровиќ го извади крстот од водите на Вардар

Годинава од водите на Вардар на празникот Богојавление Водици, крстот го извади Дарко Митровиќ. Дваесет и четири годишниот Дарко успеа да стигне прв до светиот крст кој беше положен во немирните води на Вардар од страна на Митрополит Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

На чинот на положување на чесниот крст му претходеше литија која тргна од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде што претходно беше одржана света литургија. За скокање по крстот во водите на Вардар се пријавиле околу 160 учесници, меѓу кои и едно девојче.

Традиционалното осветување на водите на реката Вардар и положувањето на чесниот крст и оваа година го организираше Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како дел од долгогодишната верска традиција.

INFO