Мицкоски: Создаваме солидна основа за наша билатерална и подлабока соработка со ОАЕ

„Денес, впрочем денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска средба, што ја имав со неговото височество, претседателот на ОАЕ. На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски односи, многу поплодни односи, а јас, од моја страна, накратко ги образложив нашите цели како Влада. Но истовремено, го поканив неговото височество, претседателот на ОАЕ, да ја посети Македонија, а нормално, бизнис- заедницата од ОАЕ одблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот, инфраструктурата, енергијата, земјоделството и така натаму – нешто што, убеден сум дека може да претставува солидна основа за наша билатерална и подлабока соработка.

Во деновите коишто следат, ќе имам средби со стопанските комори на Емиратите – Дубаи, Абу Даби, Шарџа – како и многу средби со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажуваа интерес да инвестираат кај нас, дома во Македонија“, порача од ОАЕ, премиерот Мицкоски.

 

INFO