Состанок за Реформската агенда вечерва во Владата

„Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, објави Мицкоски на Фејсбук страницата.

Тој наведува дека реформите не се декларација, туку обврска, процес што бара одговорност, соработка и јасна визија за иднината.

„Продолжуваме посветено да работиме на реални и одржливи решенија“, додава премиерот во објавата на Фејсбук.

INFO