ФОТО ГАЛЕРИЈА од фабриката блиска до Заеви во која беше извршен претрес утринава

Редеакцијата на „Курир“ објави ексклузивни фотографии од просториите на компанијата „CBD Medplant“ од каде во саботата утрото полицијата изнесе 21 тон марихуана.

Утрово во голема полициска акција беа изнесени 21 тон марихуана од фирмата „CBD Medplant“.

Еден од формалните сопственици на оваа фирма е Христијан Котев, но според информации реален сопственик е неговиот татко Тони Коцев. Постариот Коцев е поранешен претседател на огранокот на СДСМ во струмичко Ново Село.

Токму Тони Коцев и неговите неколку бизниси, се поврзуваат со блиски бизнис релации со Вице Заев, брат на Зоран Заев.

INFO