Објаснување на психолог – Зошто паровите кои се караат имаат помала веројатност да раскинат: По расправиите следат разговори кои помагаат во врската

Расправијата со вашиот партнер или сопружник не само што е исцрпувачка, туку и бесмислена, а експертите тврдат дека двојките кои често се расправаат имаат помала веројатност да раскинат.

Клиничкиот психолог Дебора Гроди за „Тајм“ изјавила дека врската без расправии е знак дека нема да трае.
„Односите кои не можат да се спасат се оние во кои има малку или никакви расправии. Оние парови кои ја нашле совршената формула за хармоничен соживот станале рамнодушни и не се караат бидејќи не им е грижа. Најверојатно ќе завршат со развод”, вели Гроди.
Таа тврди дека тоа не значи дека паровите кои се расправаат често имаат подобри односи од оние кои имаат конструктивни расправии. Искрените разговори кои следат по расправија ја надминуваат краткотрајната непријатност предизвикана од изразувањето на гнев.

Професорот Ноам Острандер е на мислење дека партнерите најчесто се расправаат за исти работи и во тие случаи ништо не решаваат, а за да го прекинете тој циклус ве советува да престанете и да дојдете до коренот на проблемот.
Користењето на фразите „Ти никогаш“ или „Ти секогаш“ може да направи вашиот партнер да се чувствува како да го напаѓате. Наместо да го користите овој тон, се препорачува да бидете подиректни и да побарате од партнерот да направи одредена задача.
Многу често, ништо не се решава за време на расправијата, бидејќи и двајцата партнери се зафатени со размислување за тоа што ќе кажат следно, наместо всушност да слушаат што се зборува. Доколку се грижите за врската и вашиот партнер, се советува да слушате без прекинување. Ако има нешто што не го разбирате, корисно е да го разјасните пред да реагирате и со искрена намера да го разберете.
Исто така, ставањето на аргументот „на пауза“ ќе ви овозможи појасно да размислите и да разберете што е вистинскиот проблем и ќе можете да ги гледате работите од перспектива на партнерот. Најдоброто нешто за ставање аргумент „на пауза“ е тоа што можете да ги надминете проблемите без да ги влошите.

„Поголемиот дел од времето, за време на расправијата, зборовите се кажуваат во лутина, а зборовите не можат да се вратат назад“, рекла Гроди.

Фото: Архива

INFO