„Шумарите“ го отпуштија Дајч, ќе бараат четврти менаџер оваа сезона

Нотингем Форест синоќа објави дека го отпуштил главниот тренер Шон Дајч. Клубот не победи на ниту еден натпревар во последните три дуели од Премиер лигата, а капка на се беше ремито со Вулверхемптон синоќа, 0:0.

Дајч беше на чело на тимот од октомври 2025 година и го предводеше тимот на „шумарите“ на вкупно 25 натпревари (10 победи, 5 нерешени и 10 порази).

Нотингем го отпушти својот трет менаџер оваа сезона, по Нуно Еспирито Санто, а потоа и Анже Постекоглу.

Тимот моментално е на 17-то место на табелата во Премиер лигата, со освоени 27 бода во 26 натпревари.

INFO