Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
СДС системски го уништуваше македонското здравство а Венко Филипче беше најлошиот министер за здравство во историјата на државата.
Венко Филипче како екс министер за здравство, имаше сериозни неуспеси освен неуспехот со справувањето со пандемијата мандатот го обелажаа и скандали како Онкологија и трагичниот инцидент во модуларната болница во Тетово.
Венко Филипче и Зоран Заев наместо да обезбедат подобрени и побезбедни услови во здравството, тие ги заобиколувале законите и процедурите со единствена цел да се заштитат себеси и да профитираат на сметка на граѓаните.
Венко Филипче и Зоран Заев наместо одговорност, транспарентност и грижа за човечките животи, носеле одлуки по итна постапка и правеле сомнителни зделки.
Лејла Кадриу поранешна обвинителка сведочи дека ја суспендирале бидејќи пола влада на СДС ќе завршела во затвор во врска со истрагата за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 наши сограѓани.
Според Кадриу, пред поставувањето на модуларните болници биле направени законски измени по итна постапка, со што овие објекти биле третирани како урбана опрема. На тој начин, наместо да се применуваат построги стандарди за градба, одобрувањето било олеснето и концентрирано во рацете на Министерството за здравство, тогаш предводено од Венко Филипче, во време на Владата предводена од Зоран Заев.