Во овој рецепт за колач, чекор по чекор ќе научите како да подготвите совршен спој на состојките. Без оглед дали сте почетник или искусен готвач…
Кора:
4 јајца
4 супени лажици шеќер
3 лажици брашно
2 лажици какао
1 прашок за пециво
За прелив:
250 мл млеко
1 лажичка нес кафе
View this post on Instagram
Фил:
700 мл млеко
6 супени лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1 пудинг со вкус на ванила
2 лажици нишесте
1 лажица какао
100 гр чоколадо
125 гр путер
За посипување:
100 гр чоколадни бисквити
Подготовка:
Белките се матат со шеќер, па се додаваат жолчките. Измешајте брашно со прашок за пециво и какао и измешајте со изматените јајца. Печете ја кората во плех со димензии 22х30 см на 200 степени околу 20 минути. Користете чепкалка за да проверите дали е испечено.
Кафето промешајте го во млекото и прелијте ја изладената кора.
Во малку млеко измешајте ги пудингот, нишестето и какаото и варете ги во преостанатото засладено млеко. Тргнете го од оган и вмешајте го искршеното чоколадо.
Кога ќе се олади, соединете го со изматениот путер и нанесете го преку кората.
Сомелете го бисквитот, посипете го филот и оставете да се излади, по можност преку ноќ.
Инспирацијата за овој колач авторката, Марија Белиќ, ја добила од некои турски профили и ја направила на нејзин начин. Пробајте го, нам многу ни се допадна.
Фото: Принтскрин/Instagram