Бискуп Киро Стојанов: Да се обединат „нашиот“ и „вашиот“ Велигден, зашто тој му припаѓа на Христос

„Папата напомена дека оваа јубилејна година се совпаѓа со 1700-годишнината од Соборот во Никеја (325), чиј симбол на верата ‘ги надминува сите поделби што го делеле телото Христово низ вековите… да ги откриеме повторно заедничките корени на верата, да го зачуваме единството“, бидејќи оваа годишнина не е само историски спомен на Никејскиот собор, туку и обврска за денешните христијани.

Во оваа јубилејна година до сите нека допре велигденскиот повик „Господ воскресна, надеж наша!’. Секој христијанин нека го доживее искуството на Марија Магдалена, која побрза да им ја соопшти радосната вест на учениците: ‘Го видов Господа’ (Иван 20,18). Тоа е средба што го менува животот: средба со единствениот човек, кој ни дозволува да ја искусиме сета божја добрина и вистина, кој нè ослободува од злото, но не на површен начин, моментално, туку нè избавува од него на радикален начин, нè лекува целосно и ни го враќа достоинството. Затоа воскреснатиот беше за Марија Магдалена ‘нејзина надеж’, бидејќи преку него се роди за нов живот, тој ѝ подари нова иднина, добар живот, ослободена од злото.

Воскреснатиот Христос не припаѓа на минатото, тој е жив, присутен денес како сила на надеж за својата црква и утеха за христијанските заедници кои се најмногу искушувани од дискриминација и прогонство поради својата вера. Тој, наша надеж, нека ни подари мир и надеж на сите, особено во регионите на оваа наша планета кои се најпогодени од страдања, во земјите каде што луѓето се изложени на големи искушенија на војна, уништување, немири и пустошења.

Во нашата средба со него, да го слушаме и да се обратиме, а потоа со нашиот живот да посведочиме: ‘Го видов Господа!’

На сите ви посакувам честит празник Воскресение Христово – Христос воскресе!“, порачува во своето обраќање великодостојникот на Католичката црква во Македонија, бискупот/епископ Киро Стојанов.

 

INFO