Фото: Илинден во Требиште областа Голо Брдо
Бугарската пропаганда во Албанија за асимилирање на Македонците и измислување на т.н. Бугари во областите каде живеат Македонци во Албанија може да успее само доколку сите Македонци се продадат за грст златници подарени од бугарските изроди.
Македонците живеат и ќе живеат во областите каде со векови живееле во Преспа, Голо Брдо, Гора и Врбник. Но, да почнеме по ред за да видиме како е дојдено до оваа состојба денес, каде бугарската држава неуморно работи за создавање на бугарско малцинство во Албанија.
На 3 март 1878 година, после руско-турската војна во која победила Русија, за потребите од поголема интересна сфера на Русија, од страна на руските владетели била измислена т.н. Сан Стефанска Бугарија во која влеувале македонски и албански територии. Тоа значело дека Русија, како ментор и господар на бугарската држава, имала можност да ја прошири својата власт многу подалеку од дотогашната. Ваквата намера на Русија била осуетена од големите европски држави, кои веднаш го свикале Берлинскиот конгрес (13 јуни-13 јули 1878 год.) за ревизија на Сан Стефанскиот договор. После решенијата на Берлинскиот договор интересната сфера на влијание на Русија била сведена на Бугарија, а македонските и албанските територии биле изземени. Со тоа, рускиот проект, кој никогаш не заживеал, бил ставен вон меѓународна верификација.
И покрај тоа, властите во Бугарија до денес го сонуваат санстефанскиот сон и вложуваат огромни средства за реализирање на рускиот проект од 19 век.
Историски гледано, бугарската политика се обидела да ја воспостави својата власт врз македонските и албанските територии и во периодот на Првата и Втората светска војна, но секогаш се наоѓала на страната на губитниците на двете војни, па обновувањето на рускиот проект за Сан Стефанска Бугарија не успеало.
Но, бугарските политички елити не престанаа да живеат во сонот од 19 век дури и во 21 век. Намерата да се реализира рускиот проект беше воскреснат во 2007 година. Имено, тогаш Бугарија, требаше да се откаже од руските ментори за што беше наградена со влез во Европската Унија, а европските ментори сесрдно почнаа да помагаат во реализацијата на рускиот проект на Балканот.