Голем е потенцијалот за интензивирање на економската соработка со Словачка, вели Муцунски

Како што рече Муцунски, форумот е одлична можност за директни средби на стопанствениците од двете страни.

„Ние сме фокусирани не само на привлекување инвестиции туку и на зголемување на извозните потенцијали“, истакна министерот.

Тој и неговиот словачки колега Ладислав Каменицки ќе го отворат форумот, на кој се присутни претставници на голем број компании и од Македонија и од Словачка.

INFO