Во тек е акција на Јавното обвинителство и МВР за кривични дела сторени на штета на ФЗО

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата, информираат оттаму.

„Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, се вели во известувањето.

И во МВР потврдуваат дека во тек е акција на повеќе локации низ државата, но засега детали не обелоденуваат.

„Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, велат во МВР.

 

INFO