Одрон на патот А1 Катланово – Велес: Сообраќај ограничен

Сообраќајот на автопатот А1 кај Катланово – Велес е делумно ограничен поради одрон на патот. На 2,5 километри од бензинската пумпа Детоил, возилата минуваат само по една коловозна лента во должина од околу 20 до 25 метри, соопштија од АМСМ.

АМСМ потсетува дека, без оглед на времето, од 15 ноември 2025 година стапи на сила законската обврска сите возила да бидат опремени со зимска опрема. Оваа мерка ќе важи до 15 март 2026 година, а целта е зголемена безбедност на патиштата низ целата земја.

Возачите се советуваат да ја прилагодат брзината на условите на патот, да го почитуваат поставеното сообраќајно сигнализација и да бидат особено внимателни при поминување низ котлини, речни долини и клисури, каде ризикот од одрони е поголем. Особено внимание се препорачува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

INFO