Филипче, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител, посочи дека начинот на кој беше спроведено приведувањето е очигледно дека има договор.
Тој вели дека според начинот на кој се појавил Груби – елегантно, мирно, смирено, со очила, со насмевка – јасно е дека тоа утро во државата „се случи целосно губење на довербата на сите граѓани“.
„Му ставија лисици луѓе што претходно беа дојдени, полицајци, не полицајците што се, кои работат на граничниот премин, имаше камера која го снимаше сето тоа, единствено нешто што недостасуваше беше црвен килим“, рече Филипче.
Според Филипче, секој што го прекршил законот треба да одговара, ама не со политички договори кои ја поткопуваат довербата во правосудниот систем.
„Да ви кажам многу јасно и гласно да знаат гледачите, да знаат граѓаните. Кој што има, нека каже. Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем“, посочи Филипче.