Целта, посочи министерот Трипуновски, е поддршката од државата да заврши кај вистинските земјоделци.
Трипуновски ги претстави новитетите во програмата посочувајќи дека има зголемување на минималните прифатливи прагови за користење на земјоделски субвенции.
„Поткревањето на праговите нема да се случи веднаш во првата година од воведувањето на Програмата, туку во наредните две години, направена е посебна мерка во Програмата и сите корисници кои не ги исполнуваат праговите ќе имаат период од максимум две години да ги исполнат и да влезат во повисока категорија“, рече Трипуновски.
Со тоа, дополни, паѓа во вода манипулацијата на опозицијата дека ќе се намалат субвенциите за малите корисници и дека ќе останат без финансиска поддршка.