Во фокусот на дискусијата беа политичките случувања во земјата и итната потреба за унапредување на политичкото дејствување, со цел зајакнување и консолидирање на ефективното претставување на Албанците во Македонија. За таа цел, Основачкото собрание го усвои концептот „Нова Алијанса“ како стратешки чекор кон посилно и пообединето политичко структуирање.
Во духот на реорганизацијата и внатрешното зајакнување, беа донесени следните одлуки:
Итно суспендирање на функционирањето на сите актуелни органи до донесување нова одлука и прогласување на привремен мораториум на сите партиски активности.
Министерот за здравство, Азир Алиу, вчеравечер по ифтарот организиран од огранокот на Алијанса за Албанците во Врапчиште, изјави дека пратеникот Илир Демири се врати во „во својата куќа“.
„Тој е член на Алијанса за Албанците. Уште еднаш потенцирам дека идејата е сите членови на Алијанса за Албанците да бидат заедно. Ние заедно ги започнавме политичките процеси, начинот на размислување ни е ист, затоа и сме организирана група уште од 2017 година под името Алијанса за Албанците. Значи, Илир е таму каде што му е местото“, изјави Азир Алиу и додаде дека се работи на тоа Алијанса за Албанците да биде пообединета од кога било.
Демири најпрвин беше дел од крилото на АА на Зијадин Села, а потоа делуваше како независен пратеник.