При крај е изградбата на улицата ,,Фрањо Клуз” во Аеродром. Скопскиот градоначалник на својот фејсбук профил објави дека се работи со полна динамика и дење и ноќе.
,,Она што со години било запоставувано и туркано под тепих, денес се решава темелно и одговорно. Во должина од еден километар се изведуваат нови тротоари, се поставува современо улично осветлување и се гради нова атмосферска канализација. Реконструкцијата опфаќа нов тампон, двослоен асфалт, нови рабници, а во овој момент интензивно се асфалтираат тротоарите. Секој сегмент се изведува по сите пропишани стандарди. Од наредната недела, жителите на Аеродром ќе возат по нова, современа и безбедна улица. За само три месеци од преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, покажавме дека кога се работи со срце, визија и чесна намера – резултатите се очигледни. Не ветивме чуда, туку работа. И работиме. Ова е само почеток. Следува најголемата инфраструктурна обнова досега. Ќе се работи рамномерно, во секој дел на Скопје. – истакна Ѓорѓиевски.