Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати итен апел до македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да ги следат официјалните упатства на локалните власти и да не патуваат во земјата додека трае влошената безбедносна состојба.
Според информациите од македонската амбасада во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови, а сите комерцијални летови се суспендирани до понатамошно известување.
Граѓаните се повикуваат:
да останат во или во близина на засолништа и безбедни простории,
да ја знаат најблиската заштитена зона,
да обезбедат основни залихи – вода, храна, лекови и батериски ламби,
да ги следат официјалните известувања во реално време.
Во случај на аларм, се препорачува веднаш да се влезе во заштитена просторија и да се остане таму сè додека надлежните не соопштат дека е безбедно.
За итна помош, македонските државјани можат да се обратат во амбасадата во Тел Авив на телефонските броеви +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546, како и во МНР во Скопје.