Феноменален дуел од 28-то коло од Премиер лигата одиграа Барнли и Брентфорд. По многу пресврти, голови, можности, Брентфорд победи со 4:3, а одлучувачкиот гол падна во третата минута од судиското продолжение, Дамсгард постигна гол за гореспоменатите 3:4 за гостите.
Пред тоа, на Барнли му беше поништен гол кога резултатот беше 3:3. ВАР го поништи голот на Флеминг и предизвика силни реакции кај домашната публика и навивачите.
На фотографијата можете да видите повлечена линија и мора добро да погледнете за да видите што е офсајд?
Објаснувањето на крајот е дека врвот на лактот на фудбалерот на Барнли бил во офсајд. Неверојатна ситуација, а навивачите на Барнли не знаат дали да се смеат или да плачат од болка. Оваа ситуација предизвика лавина од коментари во Англија. Инаку, на овој натпревар, ВАР не го “галеше“ Барнли бидејќи нивниот гол беше поништен во осмата минута од судиското продолжение за 4:4.
Англичаните долго време не го симпатизираат ВАР-от, а ова може само да ја прелие чашата.