Летовите на „Виз Ер“ до Израел, Дубаи, Абу Даби, Оман и Саудиска Арабија привремено прекинати

Авиокомпанијата „Виз Ер“ објави дека поради актуелната безбедносна состојба во регионот, сите летови до и од Саудиска Арабија се привремено стопирани и нема да се реализираат до 7 март.

Покрај тоа, компанијата потврдува дека ограничувањата за летови кон Израел, Дубаи, Абу Даби и Оман остануваат на сила, како што веќе беше најавено, што значи дека патниците ќе треба да почекаат до истиот датум за продолжување на редовните операции.

INFO