МНРиНТ: Нема безбедни услови за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ и Катар, се бараат алтернативи за од Израел

„Со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата.

Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е во постојана комуникација со пријателските земји и меѓународните партнери со цел координирано и успешно спроведување на постапката.

За граѓаните кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Државата Катар, согласно информациите и насоките од надлежните институции, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. За македонските државјани кои се наоѓаат во Израел, веќе активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување“, информираат од МНР и НТ.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, потстетува дека преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните.

„Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи“ , порачуваат од МНР и НТ.

 

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

 Амбасада на Република Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

 Амбасада на Република Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

 Амбасада на Република Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546

 

INFO