ОАЕ ја укинуваат визата за државјаните на Северна Македонија, објави премиерот Мицкоски

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) повеќе нема да бараат виза за државјаните на Северна Македонија, соопшти Владата пренесувајќи Фејсбук статус на премиерот Христијан Мицкоски. Одлуката доаѓа како резултат на последната посета на македонската владина делегација во Абу Даби, при што, како што се наведува, укинувањето на визите било договорено на барање на македонската страна.

„Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизно патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство“, стои во објавата на премиерот Христијан Мицкоски на неговата Фејсбук страна.

Според премиерот, оваа одлука претставува чекор кон подобрување на условите за граѓаните и зацврстување на меѓународната соработка.

„Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина“, додаде тој.

INFO