Патувањето по државните патишта низ земјава утрово се одвива без поголеми пречки, иако на поединечни делници коловозите се влажни, соопштија од Авто-мото сојуз на Македонија.
Возачите треба да бидат особено внимателни на планинските патишта, бидејќи на делницата меѓу селото Лисец и Попова Шапка е регистрирана густа магла, која ја намалува видливоста на само 20 до 30 метри.
Според информациите од надлежните, надвор од урбаните средини сообраќајот се одвива со умерен интензитет, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги колони или значителни задржувања за патниците што влегуваат или излегуваат од државата.
АМСМ упатува апел до возачите да бидат особено внимателни зад воланот, да ја приспособат брзината на условите на патот и доследно да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Посебна претпазливост се препорачува на делниците што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност за појава на одрони.
Возачите исто така се потсетуваат дека сезонските правила за опременост на возилата сè уште важат, па автомобилите треба да имаат соодветна зимска опрема сè 15 март.