Лафчиски во Пентагон: Потврдена високата доверба и соработката меѓу армиите на Македонија и на САД

Како што соопшти Генералштабот, во текот на вчерашниот ден, генералот Лафчиски остварил средба со началникот на штаб на Армијата на САД, генерал Ренди Џорџ, на која беше потврдена високата доверба и соработка помеѓу двете армии.

„На средбата беа споделени искуствата на Армијата на САД во водење на современи конфликти, вклучително и за развој на нови способности, пред сè во справување со закани од беспилотни летала и беспосадни системи. Дополнително се разговараше и за стратешкото значење на армискиот полигон „Криволак“ и можностите за развој на истиот, со цел зголемување на капацитетите за изведување обука и вежби“, наведено е во соопштението.

Во рамки на посетата, генералот Лафчиски се сретнал и со началникот на Г-8 на Армијата на САД, генерал-потполковник Питер Бенхоф и претставници од директоратот за одбранбена соработка на САД. За време на одвоените средби се разговарало за процесите поврзани со опремувањето и модернизацијата на Армијата.

„На вчерашните средби на генералот Лафчиски во Вашингтон, претходеа низа значајни активности, меѓу кои средба со заменик-началникот на Здружениот штаб на Оружените сили на САД, генерал Кристофер Махони, присуство на свечената церемонија по повод примопредавање на должноста командант на Националната гарда (НГ) на Вермонт и средба со новиот командант на НГ на Вермонт, генерал-мајор Хенри Хардер“, се  во соопштението на Генералштабот.

Оттаму додаваат дека работната посета на македонската делегација претставува потврда за континуираната соработка помеѓу македонската Армија и Оружените сили на Соединетите Американски Држави.

 

INFO