Барселона го победи својот најголем ривал Реал Мадрид во неверојатен натпревар синоќа и го освои Купот на кралот, а Ханси Флик на прес-конференција говореше искрено како никогаш до сега.
„Многу сум горд на овој тим. За мене е неверојатно како секогаш успеваат да најдат решение на теренот, како се борат за сè. Многу, многу сум горд на нив“, започна Флик.
„Многу сум среќен за навивачите, за нашиот тим, тренерскиот штаб и за сите. И секако, за клубот. Беше навистина неверојатно. Тие го заслужија ова и јас сум многу среќен.“
Тој потенцира дека во второто полувреме не биле најдобро, но го радува фактот дека неговите момци во продлженијата биле на ниво на задачата.