На 29 април љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во концертот на македонското трио „Интерарт“, составено од истакнатите музичари Емилија Ристевска Стефановска (флејта), Александар Стефановски (флејта) и Татјана Божиновска (пијано).
Настапот ќе се одржи во Македонскиот културен центар во Истанбул, Турција.
Публиката ќе има прилика да чуе внимателно одбран репертоар со дела од познати композитори како Д. Шостакович, Ф. Доплер, С. Петровски, А.Б. Фурстенау и И. Кларк. Концертот претставува спој на класичната традиција и современиот музички израз, а изведбата на триото ветува еден незаборавен музички настан.
Овој културен настан е во организација на Културно и информативниот центар од Битола, со поддршка од Министерството за култура. Настапот на триото „Интерарт“ во Истанбул претставува уште еден значаен чекор во промоцијата на македонската музичка уметност на меѓународната сцена.