Еволуција на желбата: Како Diners го предвиде e-commerce трендот уште пред 76 години

Diners Club не измисли само инструмент за плаќање; тие ја измислија „невидливата трансакција“. Денешниот „Buy Now, Pay Later“ концепт, кој е столбот на модерната дигитална економија, е всушност наследство старо 76 години.

Њујорк, 1950 година. Ресторанот „Major’s Cabin Grill“ е полн, чашите се судираат, а Френк Мекнамара тукушто ја завршува својата вечера. Но, во моментот кога треба да ја плати сметката, се соочува со онаа непријатна социјална тишина, неговиот паричник е во друг костум. Таа вечер, наместо со готовина, Френк плаќа со ветување и својот потпис на обично парче хартија.

Тоа не беше само излез од непријатна ситуација; тоа беше моментот кога економската архитектура на светот засекогаш се промени. Со тој потпис, Мекнамара ја лансираше идејата на Diners Club и, без да знае, го постави првиот „код“ на она што денес го нарекуваме „Купи сега, плати подоцна“ или „Buy Now, Pay Later“

Повеќе од картичка: филозофија на довербата

Денес, додека лизгаме по екраните на нашите телефони и ги полниме дигиталните кошнички, често го користиме терминот „Buy Now, Pay Later“ како врвна иновација на модерното време. Но, вистината е дека овој концепт е дел од ДНК-то на Diners Club веќе седум децении. Како прва картичка во светот, Diners Club практично ја измисли „невидливата“ трансакција, онаа што денес е стандард во секој е-commerce „checkout“.

INFO