Огнен Чак Дојчиновски
Фудбалската Федерација на Македонија и новото нејзино раководство јасно стави до знаење дека приоритет ќе биде младинскиот фудбал, младинските репрезентации, и нивно подобрување што е можно повеќе.
Тоа е макотрпен процес, кој не дава веднаш резултати, па нормално е да помине извесен период. На домашна сцена тоа значи пред се подобрување на инфраструктурата, санација на она што не функционирало во системот, правилна селекција, и секако напорна работа.
Од друга страна пак, кога сме ние во прашање секогаш ќе бидеме во потрага и по засилувања од странство, од каде што дијаспората би можела осетно да ни помогне со квалитетни поединци.