Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економската иднина

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во емисијата Стадион на Канал 77.

Тој најави дека државата вложува стотици милиони евра во патната и железничката инфраструктура на Коридорите 8 и 10, со јасна цел – задржување на стратешката позиција на државата на европската транспортна мапа.

„Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори“, истакна Николоски.

 него, Коридорот 10 во моментов е „економски најисплатлив“ и најфреквентен транспортен правец во регионот, но предупреди дека неговата предност може да се изгуби доколку не се заврши навреме.

„Ако не се изгради Коридорот 10 целосно, ќе возат и 600 километри плус затоа што ќе немаат избор“, рече Николоски, посочувајќи дека алтернативниот Коридор 4 е значително подолг и поскап за превозниците.

Како пример ја наведе ситуацијата со протестите на превозниците, кога дел од транзитот бил пренасочен, при што компаниите увиделе дека трошоците растат поради подолгата рута.

INFO