Најмалку 14 лица, меѓу кои и две деца загинаа откако избувна голем пожар во хотел во источната индиска држава Западен Бенгал, пренесе „Би-Би-Си“.
Две лица биле тешко повредени во пожарот што избувнал вчера во хотелот „Ритурај“ во Калкута. Пожарот сега е под контрола, но властите велат дека спроведуваат спасувачки операции.
Не е јасно како избувнал пожарот. Полицијата формирала специјален истражен тим за расветлување на инцидентот. Премиерот Нарендра Моди на X најави финансиска компензација на семејствата на жртвите.
Пожари во индиските градови се честа појава, а причина за тоа е лошото планирање и слабото спроведување на безбедносните прописи.