Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената на искуства.

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, во своето обраќање го истакна значењето на ваквите иницијативи како клучен инструмент за поддршка на здравјето на децата. „Балканската школа е повеќе од едукација, таа е мост за соработка, зајакнување на професионалните капацитети и усогласување на педијатриските стандарди“, рече Сали, нагласувајќи дека квалитетната грижа за најмладите е директно поврзана со постојано унапредување на стручноста на лекарите.

Тој особено подвлече дека педијатрите се на првата линија на грижата за децата и дека нивната работа заслужува континуирана поддршка преку меѓународна соработка и професионални едукативни програми.

На крајот, заменик-претседателот им оддаде признание на организаторите за успешната реализација на настанот и посебно ја истакна улогата на Аспазија Софијанова, претседателка на Здружението на педијатри воМакедонија, во развојот на педијатриската практика во земјата.

INFO