Важно соопштение од УЈП за сите што оствариле доход во странство

ПРИВРШУВА РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОСТВАРЕН ДОХОД ОД РАБОТА ОД СТРАНСТВО ВО 2025!

Се потсетуваат физичките лица – даночни резиденти на Република Северна Македонија дека приближува крајниот законски рок за поднесување на електронска пресметка за доход од работа (плата), остварен од странство за 2025 година.

Сите лица кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа (плата) во странство, се должни да поднесат електронска пресметка преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam, најдоцна до 31 март 2026 година.

Обврската за пријавување постои без разлика дали данокот е платен во странската држава или не.

Кон електронската пресметка задолжително се прикачуваат соодветни докази за остварениот доход како: потврда од исплатувачот за исплатениот доход, извод од банка, договор за извршени услуги, како и други релевантни документи со кои јасно се потврдува видот, износот и периодот на остварениот доход од странство, како и доказ за евентуално платен данок во странската држава.

Напоменувaме дека УЈП веќе достави и персонализирани пораки со потсетување до 5.320 граѓани за кои располагаме со податоци дека оствариле доход од работа (плата) од странство.

INFO