Симона Коруновска, нутриционист: храната треба да нѐ слуша

Највпечатливиот глас кај нас што се слуша и припаѓа на Симона Коруновска: нутриционист, инфлуенсер и жена која готви со страст, знаење и почит кон телото. Преку својот пристап таа не само што ги охрабрува луѓето да се хранат здраво, туку и да уживаат во процесот без ригидни правила, туку со разбирање и баланс. Таа  беше дел од панелот на последниот едукативен настан на dm маркетите посветен на здравата органска исхрана.

Разговаравме со Симона за тоа како да ја направиме исхраната наш сојузник, а не непријател, и што значи вистински да се грижиш за себе.

  1. Симона, велиш дека нема универзално правило за правилна исхрана но како може еден почетник да ја пронајде својата рамнотежа во свет полн со контрадикторни совети?

Затоа што не постои еден универзален начин на здрава и избалансирана исхрана кој би им одговарал на сите, во свет полн со контрадикторни совети, почетокот дефинитивно може да биде збунувачки. Мојот совет за почетниците на ова поле е да јадат интегрални житарки, сезонски овошја и зеленчуци и да не се стремат кон “совршен” начин на исхрана, туку на постепено вметнување на нови, здрави намирници, кои ќе им помогнат да ги намалат нутритивните недостатоци, а со тоа и специфичните потреби за процесирани продукти кои често настануваат од истите. Екстремните совети за исхрана, кои често вродуваат стравови за одредени продукти целосно да ги игнорираат, да ја пијат потребната количина на вода, а ако сметаат дека им е потребна дополнителна помош да не се двоумат да контактираат нутриционист затоа што балансот во исхраната за различни луѓе има различно значење.

  1. Дел од твојата филозофија е дека здравиот оброк не треба да биде комплициран. Кои три состојки од dmBio ти се најчесто на твојата трпеза и зошто?

Со брзиот начин на живот (кој повеќето верувам дека го имаме), единствен начин на долг рок да се остане доследен на здравата и избалансирана исхрана, според мене се едноставни оброци. Мој апсолутно омилен продукт од dmBio се фусилите од наут кои можат да се комбинираат на многу начини, а сепак да допринесат во оброкот со доволно протеин, растителни влакна и јаглехидрати со низок гликемиски индекс. Како втор продукт би го издвоила џемот од шумски јагоди, кој е фаворит на моите деца, а трет dmBio детските штангли од овошје кои со години ни се совршената ужина за во движење.

  1. Како нутриционист и личност активна на социјалните мрежи, дали чувствуваш одговорност да се бориш против токсичните диети и митови за храна и како го правиш тоа?

На социјалните мрежи многу често се појавуваат митови за храна, како на пример дека овошје не смее да се јаде навечер, или дека за време на оброкот не смеело да се пие вода, на кои што често не знам да останам рамнодушна, па со истите се борам со научно докажани факти, во форма на публикувани истражувања од релевантни извори, споделени на најразлични начини: преку Q&A, објави, пораки.. Мојот профил/канал првично го започнав со искрена желба и цел- да им помогнам на луѓето да се хранат подобро и да ги едуцирам на теми поврзани со исхраната. Апсолутно никогаш не ми е тешко да одговорам на порака на истата тема, затоа што мојата работа е нешто во кое што апсолутно уживам.

  1. Што би ѝ порачала на една млада девојка која штотуку започнува да се грижи за својот животен стил, но не знае од каде да почне?

На млада девојка која што почнува да се грижи за себе и за својот животен стил, пред се, би и препорачала да почне да вежба. Мускулната маса која што ќе ја изгради во младоста ќе и помогне и во староста. Освен што ќе превенира многу здравствени проблеми во иднина, ќе се чувствува посилно и посамоуверено, ќе има и подобар метаболизам-ќе троши повеќе калории и во мирување, па полесно ќе одржува идеална тежина. Со самото вежбање, често се крева и свеста за исхраната, па кога станува збор за истата, би и рекла да ги игнорира екстремните диети и при секоја дилема да праша професионалец- голем дел од нас нутриционистите верувам дека би и одговориле на порака.

  1. И за крај ако имаш еден „comfort meal“ кој е и вкусен и нутритивен, кој би бил тој оброк?

Мојот омилен здрав comfort meal е макароните од наут од dmBio (кои веќе ги споменав), во комбинација со екстра девствено маслиново масло, песто и пармезан. Вкусен, нутритивен и се спрема за буквално 10 минути, а ќе успеете да го зготвите и со буквално 0 кулинарски вештини.

INFO