Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Денес во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, официјално ќе бидат пуштени во употреба шесте целосно реновирани операциони сали на хируршките клиники. На настанот ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе ја види одблиску модернизацијата која треба да ги подигне стандардите на јавната здравствена услуга.

По завршувањето на церемонијата, се очекува Мицкоски да се обрати пред медиумите и да ја истакне важноста на оваа инвестиција за подобрување на условите во здравството и за унапредување на квалитетот на медицинската грижа во земјата.

INFO